Добредојдовте на нашата веб страна

ГЕОХИДРОИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје, Р.Македонија е компанија со големо домашно и меѓународно искуство на полето на истражување на теренот од геолошки, инженерскогеолошки, хидрогеолошки и геомеханички аспект со изработка на Идејни и Основни проекти како подлоги за проектирање на разни видови на објекти (станбени и деловни објекти, патишта и железници, мостови, тунели, аеродроми, брани,) и др.

Прочитај повеќе

НАШЕТО ЗНАЕЊЕ И ИСКУСТВО СЕ ВАШАТА СИГУРНОСТ

Геохидроинженеринг врши истражување на лежишта на минерални суровини со изготвување на целокупната геолошка документација потребна за проектирање на идното експлоатационо поле (наоѓалиште). Изработува Проектни задачи и Проекти за детални геолошки истражувања на минерални суровини, Елаборати за заштита на животната средина за фазите: геолошки истражувања и експлоатација, Елаборати од инженерскогеолошки, хидрогео¬лош¬ки и геомеханички истражувања. Во тек на своето повеќегодишно постоење, нашиот инженерски кадар учествува во изработка, проектирање и ревизија на техничка документација од областа на геологијата, инженерскагеологија, хидрогеологијата и геомеханика за различни видови на објекти. Повеќе слики од фирмата и од нашите проекти можете да видите во галерија.

Галерија

За нас

Друштво за градежништво, инженеринг и други услуги “ГЕОХИДРОИНЖЕНЕРИНГ” ДООЕЛ-Скопје
Бул.“Ј. Сандански” бр. 114/2-20, 1000 Скопје, тел. 2448 832,
email: ghi_jovan@yahoo.com

Лиценци

Геохидроинженеринг ги има обезбедено потребните Лиценци од А и Б категорија за проектирање, надзор и ревизија на проектна документација од областа на градежништвото и геотехниката издадени од министерството за Транспорт и Врски на Р.Македонија и Kомората на овластени архитекти и овластени инженери. Лиценците може да ги погледнете во галеријата.

Контакт

Управител: Јован Тодоровски,
моб: 075 291 932
Технички директор: Стојанче Николов,
моб: 070/78 380 859